Сефте триумф за нашите на ЕП, Македонија подобра од Италија

107

Со конечни 33-23, кадетската репрезентација на Македонија успеа да ја забележи првата победа на Европското пренство во Србија, и тоа против соодветната селекција на Италија.

Селекторот Горан Кузманоски има повод да биде задоволен по денешната изведба на неговите избраници, затоа што нашите млади ракометари уште од самиот почеток на мечот дадоа до знаење дека сакаат да исвојуваат победа, и така се однесуваа на терен.

Денешната победа е од клучно значење, затоа што ни го гарантира второто место во групата, ако ја совладаме Турција во утрешниот меч, а Италија загуби од Шведска.

Во нашиот табор најдобри Бобан Поповски со девет и Стефан Ѓоргиески со шест гола, додека средниот бек Стефан Ѓорѓиевски даде исто така шест.

ПретходноДинамо Загреб се засили со играч на ПСЖ
СледноВозиња пристигна во Чиле, навивачите го пречекаа на аеродром (ВИДЕО)