Ждрепка за плеј-оф: Црвена звезда и Динамо (З) со реални шанси да стигнат до ЛШ

353
фото: FK Crvena zvezda (X)

Белградска Црвена звезда ќе има отворен пат кон завршниот дел од Лигата на шампионите. Имено, по денешната ждрепка за плеј-оф колото, „црвено-белите“ имаат реални шанси да сметаат на сезона во главната фаза од најсилното европско натпреварување.

Црвена звезда во третото квалификациско коло ќе игра против Хапоел Бер Шева од Израел, додека ако успеат да го елиминираат Хапоел, во плеј-офт ќе се сретнат со подобриот од двомечот меѓу Архус од Данска и Сабах од Азербејџан.

И Динамо Загреб може да се надева на влез во елитата затоа што ако го елиминира Жалгирис во третото коло, како последна препрека го доби тимот на Викинг.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ПЛЕЈ-ОФ

Хаполе/Црвена звезда – Архус/Сабах

Левски/Каират – АЕК

Селтик – ЛАСК

Динамо Загреб/Жалгирис – Викинг

Мјалби/Слован – Арарат/Целје

Фенербахче/Штурм – Спарта Прага/Лион

Олимпјакос/НЕК – Сен Жилоаз/Бодо Глимт

ПретходноЛиверпул сега сака да му понуди нов договор на Џонс
СледноПа и не е така лошо да си дел од Лајпциг…. Елмас ужива на подготовките со Ред Бул (ВИДЕО)