Турција на нозе, Салах пристигнува во Трабзонспор

138
фото: Liverpool FC (X)

Она што се најавува веќе неколку дена, очигледно дена наскоро и ќе се случи. Турските медиуми денеска еруптираа по најновите информации дека тимот на Трабзонспор успеа да стигне до согласност од египетската супер звезда, Мохамед Салах и тој најверојатно во следните два три дена ќе се појави на потпис во овој клуб.

Како што е добро познато, Салах има слободни документи да пронајде нов клуб, откако летово и официјално си замина од Ливерпул, и беше поврзуван со неколку дестинации.

Од САД, преку Блискиот исток, за да на крајот турските суперлигаши сепак добијат предност. Бешикташ беше едниот клуб кој што отворено се заинтересира да го доведе ветеранот, но очигледно Трабзон беше побрз и поефикасен во процесот.

 

ПретходноМакедонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
СледноНевена Радивојевиќ е нов член на ОК Пелистер Волеј