Повремениот репрезентативец на Македонија, Марко Мишевски својата кариера ќе ја продолжи во хрватскиот тим РК Сисак.
Средниот бек во таборот на новиот клуб доаѓа од израелскиот тим Макаби Ришон каде замина како член на Пролет.

Мишевски е претставен како големо засилување во редовите на Сисак, и во нападот и во одбраната, а неговото меѓународно искуство ќе придонесе во исполнување на амбиците на тимот.
Во својата кариера најголемиот успех го направи како член на Вардар со кого во 2019 година ја освои титулата во Лигата на шампиони.
Мишевски веќе има меѓународно искуство, играше во Франција за екипите на Гренобл и Курњон Д’Аверњ.










