Невена Радивојевиќ е нов член на ОК Пелистер Волеј

49

Екипата на ОК Пелистер Волеј, од сега е посилна за интернационалката од Србија, Невена Радивојевиќ.

Таа во Битола пристигнува од екипата на Инџија, каде што последно настапуваше. Ова е третото засилување во таборот на битолчанки.

Радивојевиќ е родена 2003 година, игра на позицијата техничар, висока е 178 см, нејзината клупска кариера започнува во една од најголемите одбојкарски школи Lucky Star од Белград, за подоцна да го продолжи својот развој во добро познатиот клуб со голема традиција Инџија исто така од Белград, а има и универзитетско репрезентативно искуство.

ПретходноТурција на нозе, Салах пристигнува во Трабзонспор
СледноМарко Мишевски е нов член на Сисак