На нашите момци им е потребна поддршка: Македонија против Кипар на стартот на шампионатот!

126
Фото: КФСМ

Од денеска до 15 август во Гевгелија и во Скопје ќе се одржува Европското првенство „Б“ Дивизија за кошаркари „Под 16“ години. Македонската кадетска репрезентација групната фаза ја отвора против Кипар, меч кој се игра во салата „26 април“ во Гевгелија со почеток во 18:30 часот.

Селекторот на нашиот национален тим Дејан Стојановски го одбра тимот и најави максимална битка на теренот, целиот фокус е ставен на денешната пресметка против Кипар.

„Размислуваме само за првиот натпревар. Сакаме да бидеме максимално подготвени и фокусирани. Одбраната е нашиот заштитен знак и преку неа сакаме да го градиме нашиот идентитет. Целта е да играме брза кошарка, со висок интензитет во двата правци и да напредуваме од натпревар во натпревар“, вели селекторот на македонската кадетска репрезентација.

🏀 РОСТЕР НА МАКЕДОНИЈА „ПОД 16“: Александар Зунзуровски, Илија Коневски, Александар Котевски, Јосиф Џолев, Давид Ристов, Филип Ѓорѓиевски, Михаил Анѓеловски, Војдан Стаменковски, Дион Шабани, Игор Трајчев, Рон Јетиши, Хамза Драголовчанин

СТРУЧЕН ШТАБ Селектор: Дејан Стојановски. Асистент-тренери: Павел Вилев, Еркан Исмаили, Александар Спирковски, Живко Старделов. Кондициски тренер: Филип Колевски. Физиотерапевт: Сара Ѓорѓевска.

Нашите момци, но и сите учесници имаат одлични услови, па се очекува во следните денови во главниот град и во Гевгелија да биде вистински празник на кошарката.

Покрај Македонија и Кипар, во групата „Б“, чии натпревари се играат во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија, настапуваат уште селекциите на Хрватска, Швајцарија, Исланд и Украина.

ГРУПА „Б“ – 1. КОЛО (6 АВГУСТ)

Спортска сала „26 Април“ – Гевгелија

16:00 часот: Швајцарија – Хрватска

18:30 часот:  Кипар – МАКЕДОНИЈА

21:00 часот: Исланд – Украина

Натпреварот меѓу Кипар и Македонија ќе може да се следи во живо на следниот линк:

ПретходноХалк Вело Грин – велосипедска трка што ги поврзува спортот, природата и хуманоста повторно во Маврово
СледноВинисиус ги избриша сите објави од Инстаграм откако Реал му даде понуда