Судии за ПМФЛ: Трпчевски на дербито Вардар – Шкендија!

203

По две недели пауза, утре со мечот Шкендија Арачиново – Силекс стартува 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите пет среби. Јасно е дека најинтересно ќе биде на Арената во Скопје каде во недела во мега – дербито се среќаваат Вардар и Шкендија. Овој меч ќе го суди Стојанче Трпчевски.

НАТПРЕВАРИ И СУДИИ ЗА 2.КОЛО

07.08.2026 – 17 Ч (ПЕТОК)

Скопје (Чаир): Шкендија Арачиново – Силекс (Игор Стојчевски)

08.08.2026 – 17 Ч (САБОТА)

Куманово: Башкими – Тиквеш (Стојанче Стојанов)

08.08.2026 – 19 Ч (САБОТА)

Штип: Брегалница – Арсими (Јован Качевски)

09.08.2026 – 17 Ч (НЕДЕЛА)

Скопје: Скопје – Струга ТЛ (Александар Грујоски)

09.06.2026 – 19 Ч (НЕДЕЛА)

Скопје: Вардар – Шкендија (Стојанче Трпчевски)

ПретходноБојан Крстевски е нов играч на Куманово!
СледноДориев со нов, победнички гол за Согдиана!