На една рака можат да се избројат спортските настани кои што се одржале во Македонија, конкретно Скопје, а кои што влегуваат во графата светски. За разлика од ракометната Лига на Шампиони, која што своевремено во Скопје се стандардизира, фудбалската сеуште за нас е само мисловна именка.
Клупскиот фудбал не ни донесе елитен фудбал од највисок европаски ранг, ни донесе учевство на Вардар во Лигата на Европа, своевремено, како и Шкендија која што лани беше дел од Конференциската лига. Од друга страна пак, репрезентацијата на Македонија, со своето стандардно учевство во квалификациите, односно Лигата на Нации, одвреме на време знае да ја наполни Арената со гостување на селекции од типот на Италија, Англија… или пак оние кои што следуваат наесен, на пример Швајцарија.
Нашиот пак најголем стадион сепак, Арената Тодор Проески во Скопје, ќе го памети својот најголем настан. Истиот се случи во 2017 година на денешен ден. На 8 август тогаш во Скопје, беше успешно организиран, европскиот Супер куп, меч во кој се среќаваат победниците на Лигата на Шампионите, и Лигата на Европа.
Македонија ја имаше таа среќа во тој меч да се сретнат два гиганта. Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. „Кралевите“ во Скопје го кренаа трофејот откако победија со 2:1. Стрелци беа Касемиро одноно Иско, а за Јунајтед погоди Ромелу Лукаку.
Точно пред девет години, во тие неколку дена, Скопје беше центарот на фудбалските збиднувања во Европа и светот. Престолнината се наполни со навивачи од Англија и Шпанија и беше гордост да се биде фудбалски фан во тие моменти.
Македонија тогаш тоа го заслужи, организира прекрасен настан, кој што ќе биде засекогаш врежан во аналите на нашиот фудбал, како момент кој што одбележа цел еден период од нашето спортско живеење.










