Еден од најголемите стадиони во Украина погоден од „руска ракета“, има и повредени!

169
Фото: Odesa Regional Military Administration

Еден од најголемите спортски стадиони во Украина беше погоден во руски ракетен напад во пресрет на натпревар од највисокиот ранг.

Руските сили во петокот околу 15 часот извршија напад во јужниот дел на Украина, при што цел беше стадионот „Чорноморец“ во Одеса, најголемата спортска арена во јужниот дел на земјата.

Стадионот има капацитет од повеќе од 34.000 гледачи и е дом на фудбалските клубови Чорноморец Одеса и Сеастерс.

На стадионот во сабота треба да се одигра натпреварот меѓу Чорноморец и Колос, но по нападот неговото одигрување сега е доведено во прашање.

Украинскиот политичар Олексиј Хончаренко прв ја објави информацијата за нападот на својот канал на „Телеграм“, објавувајќи и снимки од местото на ударот.

Од експлозијата се оштетени носечките конструкции на арената, искршени се прозорците долж периметарот на објектот, а оштетувања има и на трибините.

Според првичните информации, во нападот се повредени две лица.

ПретходноИнтер Мајами откри каква би можела да биде идната улога на Меси во клубот
СледноПоранешен НБА играч: Сакам да играм во женска лига, барам еднакви правила за сите