Битка за 9-то место на ЕП: Македонија знае како се победува Израел

270
Фото: РФМ

Македонската машка кадетска репрезентација денеска го игра последниот натпревар на Европското првенство кое се одржува во Белград. Селекторот, Горан Кузманоски и неговите момци ќе ги одмерат силите против Изреал во битката за 9-тото место на овој шампионат.

Противникот е добар познат за нашите ракометари, токму против оваа селекција Македонија играше на Светското училишно првенство кое се одржа во Скопје, а златниот медал го освоија „црвено-жолтите“. И двете репрезентации во Белград дојдоа со одредени промени. Македонија во финалето беше убедливо подобра со 38-32, резултат кој дава надеж дека Европското првенство може да го завршиме на деветото место.

Нашите надежи после трите порази во групната фаза, влегоа во серија од четири победи, со која обезбедија пласман на ЕП 2028 година, како и пласман на СП 2027 година.

Мечот ќе биде директно пренесуван на Арена МК, како и каналот на ЕХФ ТВ.

ПретходноЛука Трпески ја почна сезоната со хет-трик и гол „Ала Меси“ (ВИДЕО)
СледноФлик отворено за заминувањето на Араухо: Беше тешко…