Фернандес е победник во Силверстоун

33

Возачот на тимот на Трекхаус, Раул Фернандес е победник на 12. трка од овогодинешниот МОТО ГП шампионат, која што се возеше на легендарната патека во Силверстоун во Англија.

Ова за шпанецот беше втора победа сезоната, а 12 во кариерата.

На втората позиција се пласираше Хорхе Мартин кој што имаше 2.5 секунди заостанување зад победникот, додека пак на третата позиција се пласираше Марко Бецеки.

Во генералниот пласман води денеска второпласираниот Мартин со 220 бодови, пред Аи Огура со 202, односно Марко Бецеки со 193.

 

ПретходноАтлетико поведе, Манчестер Сити победи со пресврт
СледноАраухо денеска ќе се појави во Ливерпул на лекарски прегледи