Најголемиот македонски фудбалски бисер, Лука Трпески, продолжува да блеска во дресот на Црвена Звезда. Иако има само 16 години, Трпески во првата фаза од подготовките беше дел и од сениорскиот тим на белградскиот клуб, а сега настапува за младинските селекции на „црвено-белите“.
Младиот македонски фудбалер имаше фуриозен старт на новата сезона и покажа дека и годинава сериозно ќе се бори за место меѓу најдобрите. Очекувањата се големи, особено ако се знае дека Црвена Звезда ја очекува и настап во младинската Лига на шампионите на УЕФА.
Трпески уште во првото коло покажа за каков потенцијал станува збор. Тој постигна хет-трик во убедливата победа од 5:0 на кадетите на Црвена Звезда, но еден од головите посебно го привлече вниманието.
Лука постигна вистински гол од соништата, потег кој потсетува на магијата на големиот Лионел Меси. Вреди да се погледне мајсторијата на нашиот млад фудбалер, кој веќе одлучи дека во иднина сака да го носи дресот на Македонија (иако многумина сакаа да го минираат), иако интерес за него има и од Шведска.
Сега останува најважното – Трпески да продолжи со напорната работа, да го развива својот талент и чекор по чекор да се пробива кон големата сцена. Македонија дефинитивно има на што да се надева.










