Откако со 0:2 го победија Вардар во дербито на 2.коло во ПМФЛ, а и поради тоа што играчки просто го уништија шампионот, играчите на Шкендија беа пречекани еуфорично од своите фанови дома, под Шара откако се вратија во Тетово.
Јасно е дека вечерва во градот под Шар гори, и не само поради победата туку и поради начинот на кој Шкендија успеа да го победи големиот ривал.
Токму затоа најверните фанови на Шкендија имаат право да бидат еуфорични.















