Стојановски: Да гледаме и мислиме позитивно, со кренати глави гледаме напред

62

И покрај поразот од Хрватска, селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, ги пофали своите кошаркари за пристапот, борбеноста и начинот на кој одиграа во првото полувреме.

„Имавме добро прво полувреме, играчите го оставија срцето на теренот, а тоа ни беше најважно. Од кошаркарските елементи повторно ни недостигаше дисциплина и подобро делење на топката. Премногу влегувавме во ситуации еден на еден.

Сепак, имавме правилен пристап и го покажавме нашето лице, пред сè во одбраната. За жал, немаме доволно длабочина на клупата за да можеме да го одржиме тоа темпо во сите 40 минути.

Сакам да им честитам на играчите за борбеноста. Хрватска е една од најквалитетните екипи во Европа, не само на овој турнир.

Ако играме со вакво темпо и со ваква одбрана против Швајцарија и Украина, сигурен сум дека имаме шанса да се бориме за победа.

Сега е многу важно играчите да се одморат, а потоа да ги анализираме нашите грешки. Сигурен сум дека ќе успееме да ги поправиме. Да гледам и мислиме само позитивно, со кренати глави гледаме напред. И уште еднаш би сакал да ги повикам нашите навивачи салата да биде уште повеќе исполнета и да ја поддржат екипата“.

Македонија дуелот со Швајцарија го игра утре во салата „26 април“ со почеток во 18:30 часот.

Претходно„Врелиот компир“ е во рацете на Кристијан Фабиани!
СледноАтлетико поведе, Манчестер Сити победи со пресврт