Французите пишуваат: Познатата династија го презема Асвел

78
ФОТО:.facebook.com/BasketNews

Семејството Бас, кое ги води Лос Анџелес Лејкерс речиси пет децении, е во преговори за преземање на францускиот тим од Евролигата, Асвел.

Францускиот медиум BeBasket тврди дека двете страни веќе некое време се во преговори и дека договор би можел да се постигне најдоцна до крајот на 2026 година. Главната поента на преговорите се однесува на износот на обештетувањето, со оглед на тоа што двете страни наводно разгледуваат износ помеѓу 60 и 80 милиони евра.

Доколку договорот со Асвел успее, тоа би бил голем чекор кон конечна стабилизација за францускиот клуб по турбулентните последни неколку недели, во кои од суперамбициозен проект се движеше кон тоа да се отпуштат играчи бидејќи не можеше да им ги гарантира ветените пари.

Така, во текот на летото, Силвен Франциско, Даниел Теис, Армони Брукс…

Инвеститорот со кого Асвел претходно постигна договор не успеа да обезбеди солидни финансиски гаранции, поради што ситуацијата за клубот се влоши. Од планираниот буџет од 59 милиони, клубот од Вилберан ќе има 24 милиони за следната натпреварувачка сезона.

Сепак, ако приказната со семејството Бас помине, Асвел повторно би можел да сонува за највисоки резултати во блиска иднина.

Семејството Бас, да се потсетиме, е американска спортска династија, најпозната по тоа што ги водеше Лејкерси повеќе од 45 години. Главата на семејството, Џери Бас, ја купи франшизата во 1979 година и ги претвори натпреварите во вистински холивудски спектакл, освојувајќи бројни шампионски титули. По неговата смрт во 2013 година, неговите шест деца го презедоа управувањето, а сè кулминираше со продажба на мнозински удел на Марк Волтер за рекордни 10 милијарди долари.

ПретходноПоранешен играч на Барселона се сели во Лос Анџелес
СледноНајубавата навивачка слика: Македонија се сака од мали нозе!