Ардијан Нухиу по пауза од неколку години повторно е шеф на струката во Дрита. Раководството на клубот денеска на прес конференција се пофали, односно објави дека имаат нов тренер и го промовираше некогашниот наш познат фудбалер, а потоа и истакнат тренер кој со успех работеше во Шкупи и Шкендија, а како стратег ги предводеше екипите на Тирана, Гњилане, секако Дрита.
Да потсетиме дека тој со Дрита во сезоната 2019/20 ја освои титулата и испиша историја со овој клуб.
Инаку до пред неколку дена, на клупата на Дрита беше Зекирија Рамадани, исто така тренер од Македонија.










