Брајан Авиа со супер резултат на Мундијалот за младинци

194

Македонскиот репрезенативец во скок во далечина, Брајан Авиа, имаше одличен настап на Светското првенство за атлетичари до 20 години кое што се одржува во САД.

Авиа во конкуренција од 30 најдобри атлетичари во својата возраст во светот, се најде на 24. место со прескокнати 7.04 метри.

Ова е само потврда за големиот напредок на Авиа во изминатиот период кога е очигледно дека работата со тренерот Ѓорѓи Вучков вродува со плод.

ПретходноКФМ и официјално со конкурс ја пополнува Супер лигата
СледноСебастиан Спахиу си замина од Шкендија