Македонските кадети зад себе ги оставија Шведска, Србија, Норвешка…

228

Македонската машка кадетска репрезентација успешно ја заврши својата мисија на Европското првенство. Нашите ракометари завршија на деветото место во конкуренција на 24 екипи. Со биланс од пет победи и три порази обезбедија пласман на Светското првенство следната година и на Европското првенство 2028 година.

Избраниците на Горан Кузманоски испратија порака дека македонскиот ракомет има светла иднина која во изминатиот период воодушеви со својата храброст и борбеност. На теренот се бореа „лавовски“, па резултатот на крајот не беше ни малку слуачен.

Во конечниот поредок Македонија зад себе ги остави Шведска, Австрија, Србија, Норвешка, Црна Гора…

Шампионатот го освои Германија која славеше против Словенија, додека третото место и припадна на Данска.

Во продолжение прочитајте го разговорот со селекторот, Горан Кузманоски.

ПретходноПретседателот на РФМ, Александар Стефанов им честиташе на кадетите за големиот успех
СледноЛегендарното трио од Барса повторно ќе се спои во Интер Мајами