Мика Хакинен го предупредува Мекларен

68
ФОТО: Formula 1/X

Мика Хакинен е двократен шампион во Формула 1 и поранешен возач на Мекларен од ерата на „Сребрените стрели“, и испрати предупредување до познатиот тим од Ф1 да не го бркаат Макс Верстапен по секоја цена и да не го нишаат бродот непотребно.

Тој беше во подкастот „Up To Speed“ со својот поранешен колега од Мекларен, Дејвид Култхард, и тие се осврнаа на моменталната состојба на шампионатот во Ф1.

„Интересно, но не би го гледал само Макс бидејќи во моментов има двајца добри возачи во тимот. Видовме како функционира Мекларен и што бараат од своите возачи. Единствениот начин да имате успешен тим е да имате одлична хемија. Со муабет за промена на возач, па дури и шпекулации за Макс Верстапен, ризикувате да уништите сè. Зошто да го разнишувате бродот?“, праша Хакинен.

Хакинен и Култхард возеа заедно шест сезони…

„Мекларен моментално има светски шампион. Некогаш бевме соиграчи со најдолг стаж во шампионатот. Тоа беше индикација за добра хармонија бидејќи ако си среќен во тимот, зошто би се менувал?“, вели Финецот.

ПретходноБошко Ѓуровски повикува на полн стадион на дуелот Црвена Звезда – Хапоел
СледноУскудар е новиот клуб на Андреа Седлоска