Европа, Азија и Северна Америка со здружија против Инфантино

31
фото: El Comentario (X)

И дефинитивно војната за тронот во светскиот фудбал продолжува. Европа, Азија и Северна Америка се чини дека се обединети во своето противење на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. УЕФА, КОНКАКАФ (Конфедерацијата на северноамерикански и карипски фудбалски асоцијации) и Азиската фудбалска конфедерација издадоа заедничко отворено писмо во кое го обвинуваат Инфантино за кршење на довербата „преку измама“.
Во писмото, потпишано од претседателите и генералните секретари на трите конфедерации, се вели дека предлогот на претседателот на ФИФА за продажба на делови од СП на приватни инвеститори го доведува во прашање „интегритетот на играта и интегритетот на оние избрани да ја водат“.

Инфантино го повлече својот предлог по бура од протести, по што следеше закана од УЕФА за бојкот на сите турнири на ФИФА.

Кога довербата е нарушена преку измама, кога поединецот се става над колективот што му ја доверил моќта, таа должност е напуштена“, се вели во писмото.

Инфантино не е споменат по име во писмото. Сепак, извори за Би-Би-Си изјавија дека ова треба да се гледа како можност тој да поднесе оставка и да ја напушти функцијата со достоинство. Претседателот на ФИФА нема намера да го стори тоа во оваа фаза. По состанокот во седиштето на светскиот фудбал минатата недела, ФИФА издаде соопштение во кое одговори на нападите, велејќи дека тие биле „координиран напор“ за „поткопување“ на организацијата и Инфантино.
Во писмото, исто така, се бара независен преглед од трета страна за тоа што се случило во последните недели, откако ФИФА се обврза да достави извештај до Советот на ФИФА во октомври.
„Во неодамнешното писмо, ФИФА, нејзините потпретседатели и 211 асоцијации-членки признаа дека се направени грешки во процесот. Сепак, не признаа дека самиот предлог е погрешен и не признаа дека обидот за продажба на акции од Светското првенство е големо недоразбирање – не само процедурална грешка, туку фундаментално кршење на довербата во самите институции на кои им служи ФИФА“, се вели во писмото.

Пред да го искажат овој став, трите конфедерации разговараа за своите следни чекори. Беше дискутиран потенцијален бојкот на Светското првенство и неговите квалификации. Тие разговараа за можноста за организирање турнири во кои ќе учествуваат земјите од трите конфедерации доколку Џани Инфантино остане на функцијата. Претседателот на ФИФА има силна поддршка од Африка и Јужна Америка, но тоа можеби нема да биде доволно.

ПретходноПо фантастичното второ полувреме: Македонија со пресврт до победа против Швајцарија
СледноГаздата на Пао за Јокиќ: Не се шегувам – ќе го потпишам следната година!