Владан Лукиќ за Панчев: “Дарко е супер тип, незаменлив шраф во една голема машина кој ја штити соблекувалната“!(ВИДЕО)

251

Дарко Панчев нашиот најдобар фудбалер на векот, светска фудбалска легенда, човекот кој на Ц.Звезда и ја донесе титулата европски првак и натаму е голема ѕвезда на овие простори, а посебно во Србија. Кога ќе се изговори неговите име и презиме сите стануваат во знак на респект кон Македонецот кој во Бари во 1991 ја донесе најголемата радост на фановите на овој клуб. Исто така и неговите соиграчи имаат само почитување кон Панчев, така и Владан Лукиќ кој е еве што кажа за Македонецот во своето последно интервју:

Дарко е супер, Дарко е приказна за себе, незаменлив шраф во создавање на една голема машина, една голема приказна. Тој е спој на еден супер емотивен тип, кој ги сака сите, кој внимава на сите во соблекувалната. Еве да кажам еден пример. Иаавме договор за едни премии, ветувани ни беа пред мечот со ОФК Београд, имавме состанок и прашање беше дали ќе стигнат навреме. Тогаш добивавме кеш во коверт. Ние чекаме а премии нема, а веќе имавме ветувања кои не беа исполнети. Па така Дарко заедно со сите играчи, се најдовме во соблекувална на последен состанок пред излегување на терен. Дарко во тој момент станува и прашува. Видете, јас се чуствувам како измамен, а тоа мисли и цела соблекувална. Потоа сите молчат, управата молчи, нема одговор, а Дарко оди кон шкафчето, си ја зема јакната и си оди дома. И не играше на тој натпревар“.

ПретходноАрдијан Нухиу повторно на клупата на Дрита!(ВИДЕО)
СледноОфицијално: Ливерпул се пофали со Араухо (ФОТО)