Шкендија не менува ништо ова лето во Европа, барем кога се во прашање директните преноси на ТВ. Имено фановите во Македонија досега сите пет меча на Шкендија во Европа можеа да ги проследат низ директен ТВ пренос на МТВ 2. А Шкендија како клуб ги плаќаше ТВ правата.
Па така и во четврток од реванш мечот со Хиберниан, домашните фанови ќе можат ја гледаат Шкендија на МТВ 2. Секако дека клубот сака што поголема поддршка од трибините на Арената “Тодор Проески“ во четврток навечер, таква е и пораката на клубот од Тетово до фановите и љубителите на фудбалот во Скопје и Македонија, токму затоа и цената на билетите е симболична – 200 денари. Истите веќе се пуштени во продажба.
Сепак, оној кој не може да дојде на Арената во четврток ќе може да навива за Шкендија да оди натаму во квалификациите во Лигата на Конференциите и од дома, преку својот ТВ приемник.










