Уште еден скандал: Инфантино ја купил поддршката од Мексико!

256
фото: El Comentario (X)

Уште еден голем скандалозен потег на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, барем според пишувањето на повеќето познати спортски медиуми во светот. Фудбалската конфедерација на Мексико го поддржа Џани Инфантино за претседател на ФИФА, бидејќи Швајцарцот наводно ветил можност за напуштање на КОНКАКАФ и приклучување кон КОНМЕБОЛ, која од срце го поддржува Инфантино. Покрај тоа, на Мексико наводно му била ветена оваа можност, која се смета за профитабилна и од спортска и од финансиска страна – дознава Мартин дел Паласио. Една од главните причини зошто Мексико сака да ја напушти Конфедерацијата на Северна и Централна Америка (КОНКАКАФ) и да се приклучи кон Конфедерацијата на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) се лошите односи меѓу раководителите на Мексиканската фудбалска федерација и раководството на КОНКАКАФ. Ова се потврдува и со фактот дека Мексико одржува контра став во однос на конфедерацијата на која припаѓа.

Тензиите започнаа кога мексиканската репрезентација и клубовите од оваа земја се приклучија на натпреварувања во Јужна Америка. А сè ескалираше кога КОНКАКАФ најде начин да ги исклучи и националниот тим и клубовите од натпреварувања како што се Копа Америка, Копа Либертадорес и Копа Судамерикана.
Во промената на конфедерацијата, Мексико гледа шанса да се квалификува за Светското првенство. Бидејќи, ако планот се оствари и Светското првенство се прошири на 64 репрезентации, КОНМЕБОЛ ќе добие дополнителни места. Само три селекции од Конфедерацијата на Јужна Америка не се квалификуваа за овогодинешното Светско првенство. Дополнителен фактор е Светското клупско првенство, бидејќи Мексико се надева дека ќе може да биде домаќин во 2029 година. Иако домаќин најверојатно ќе биде Мароко, Мексиканците сè уште се надеваат дека поддршката за Инфантино би можела да го промени тоа.

ПретходноСити носи замена за Родри од Франција
СледноУбава вест за фановите: И мечот Шкендија – Хиберниан низ директен пренос на МТВ 2!