По два месеци минати во притвор: Илчо Ѓорѓиоски пуштен дома

879

Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот претседател на ФФМ, не е веќе во притвор. Тој е пуштен дома каде што ќе биде во домашен притвор во очекување на почетокот на судењето. Ѓорѓиоски депонирал банкарска гаранција од 500.000 евра се со цел да не биде веќе во притвор. Да потсетиме дека тој е обвинет поради финансиски малверзации.

Ова значи дека истражната постапка е завршена и судењето може да почне.

Инаку претходно и Муамед Сејдини, кој беше претседател на Фудбалската федерација на Македонија, исто така обвинет за финансиски малверзации, по три месеци минати во притвор беше пуштен дома, и тоа со банкарска гаранција од 1 милион евра.

Овие два случаи пред извесно време во мак – фудбалот, а воопшто и во Македонија, дигнаа многу врева посебно ако се знае дека и двајцата беа некогаш водечки личностии во мак – фудбалот.

ПретходноЦ.Звезда го избра Риера, следуваат завршните преговори!
Следно“Фараонот“ како ФАРАОН во Трабзон: Салах доби вила од 975 м2!(ФОТО)