Шкотите тренираа на Арената: Што е ова?! Пекол…(ФОТО)

472
ФОТО:facebook.com/HibernianFootballClubOfficial/

Од попладнево ексопедицијата на Хиберниан е во Скопје. Уште кога слетаа во главниот град на Македонија, се соочија со големи проблеми во однос на температурата која и денеска е пеколна во нашата земја, во Скопје.

Потоа го одработија и официјалниот тренинг на Арената “Тодор Проески“, а притоа самите меѓу себе се прашуваа:

Што е ова?! Пекол…“.

Па, нека им биде пекол утре вечер од 20 часот кога почнува мечот. Да кажеме дека Шкендија има негатива од еден гол, во Шкотска беше 1:2.

Така беше и со Браво, ама во Скопје на реваншот победи со 3:1. Така нека биде и сега со Хиберниан.

Најважно е нашиот претставник во Европа да ја мине и оваа пречка и да се пласира во плеј – офот.

ПретходноНа првиот меч на “Струга 2026“: Вардар со рутински триумф против Прилеп!
СледноМазари и официјално во Елбасан!(ФОТО)