Берберот од Сомбор за Јокиќ: “Никола, голем човек си!“

274
ФОТО:Instagram/salonibasta

Најдобриот кошаркар на светот, Никола Јокиќ (31), посети берберски салон во Сомбор и го импресионираше берберот. После шишањето, тој му остави на берберот потпишан дрес на Денвер Нагетс и неколку топки со автограми од него.
Колку беше радосен берберот од Сомбор, покажа неговата порака на социјалните мрежи:

Некои луѓе не се големи само од она што го постигнуваат, туку и од она што стануваат кога ќе го достигнат врвот. Никола Јокиќ. Голем шампион, уште поголем човек.“

Никола Јокиќ се подготви за своето пристигнување во Белград, каде што од денеска ќе биде со репрезентацијата за пријателските натпревари против Франција и квалификациите за Светското првенство против Исланд во Белградската арена на 28 август и против Италија во Пеза на 31 август.
Јокиќ ќе биде и капитен на српската репрезентација на тие натпревари.

ПретходноСтруга 2026: Охрид убедливо го доби “езерското дерби“!
Следно„Бум“: Арсенал тргнува по ѕвездата на Барселона!