Кравцов: Чест е да се носи бројот на Зајец и на Адеми

98

Екипата на Динамо Загреб е на сред битка за нов влез во Лигата на Шампионите. Утре на легендарниот Максимир го дочекува тимот на Викинг од Норвешка, а денеска пак промовираше сериозно засилување во името на рускиот интернационалец, Кирил Кравцов.

Играчот за врска има 24 години и при промоцијата даде интересна изјава во која го спомена и македонскиот интернационалец и репрезентативец Аријан Адеми.

„Исклучително сум горд што станав играч на толку голем клуб како Динамо.
Имам големи амбиции заедно да доживееме големи нешта и убеден сум дека така и ќе биде. Исто така, чувствувам посебна обврска кон легендарната „петка“ на Динамо – бројот што го носеле великани како нашиот почесен претседател Велимир Зајец и Аријан Адеми. Со нетрпение очекувам да бидам подготвен и да истрчам на „Максимир“, стадион каде што може да се почувствува моќта на големата фудбалска историја…“ – изјави Кравцов.

ПретходноТимот на Инфантино се распаѓа, Кевин Ламур си поднесе оставка
СледноДепортиво и Елче ги поделија бодовите