Абутовиќ: Во Македонија никогаш не се чувствував како странец!

127

Илија Абутовиќ, е еден од странските ракометари кои во македонскиот ракомет остави свој белег. Дефеназивецот беше дел од златните денови на РК Вардар, во 2017 го подигна победничкиот пехар во Лигата на шампиони. Тој се врати во Македонија после одредено време и го облече дресот на Пелистер. Од оваа сезона Абутовиќ е член на Партизан.

Во интервју за „Моцарт Спорт“ Абутовиќ вели дека во сите 16 години поминати надвор од Србија одлично се чувствувал во Македонија.

„Морам да кажам дека се чувствував многу добро во Македонија, поминав девет години таму и не се гледав себеси како странец. Повторно, среќен сум што можам да играм со српски клуб во Лигата на шампионите, во најдоброто натпреварување во светот. Белград исто така ќе ја доживее Лигата на шампионите, да види елитно натпреварување по многу години. Ако по оваа година привлечеме 100 нови момчиња во ракометот, тоа ќе биде најголемиот плус, да се промовира ракометот, да се привлечат децата повеќе кон овој спорт, да се види дека е прекрасен, гладијаторски спорт, дека има сè“.

ПретходноВест на годината: Двете сопруги на селекторот се степале, а тој “паднал во несвест“!
СледноГатузо им се извини на навивачите после шокантната елиминација