Висок функционер на ФИФА јавно го критикуваше Инфантино и беше отпуштен

31

Главниот оперативен директор на ФИФА, Кевин Ламур, беше отпуштен откако јавно го критикуваше планот на претседателот Џани Инфантино да го продаде Светското првенство на приватни инвеститори.

Ламур, кој помина помалку од две години на функцијата, беше информиран за неговото заминување заедно со другите вработени во чадор организацијата на светскиот фудбал преку е-пошта.

ФИФА потврди дека неговиот работен однос завршил на 17 август 2026 година.

„ФИФА може да потврди дека работниот однос помеѓу ФИФА и Кевин Ламур, како главен оперативен директор на ФИФА, завршил на 17 август 2026 година. ФИФА му се заблагодарува на Кевин за неговите две години служба и му посакува се најдобро во иднина. Нема да има понатамошни коментари за ова прашање“, се вели во соопштението на ФИФА.

Ламур претходно остро го критикуваше планот на Инфантино откако беше откриен проектот.

Францускиот функционер потоа рече дека администрацијата на ФИФА била измамена, како и дека претседателот на организацијата верува дека тој е „олицетворение на ФИФА“, наместо да биде во нејзина служба.

„Ако тоа значи дека ќе ја изгубам работата, нека биде така. Ќе ја разберам и почитувам таа одлука. Барем ќе спијам мирно“, рече Ламур.

ПретходноАлександар Узуновски – Узун е прв гостин во серијалот на Вардар – „Љубовта наша голема“
СледноСинер ќе игра на УС Опен само под еден услов