ЛШ плеј-оф: Серафимов и Левски одиграа 0:0 против АЕК, и Динамо Загреб и Фенер без победа на свој терен!

45
ФОТО:facebook.com/levskiofficial/

Вечерва се одиграа првите три меча од плеј – офот во Лигата на Шампионите. За нас секако најинтересни беа случувањата во Софија каде во првиот дуел силите ги одмерија Левски и АЕК, поради фактот дека за бугарскиот шампион целиот натпревар го одигра нашиот репрезентативен стопер, Никола Серафимов.

Овој натпревар заврши без победник 0:0, а Македонецот беше еден од подобро оценетите играчи во домашниот табор. Ова значи дека патникот во групната или лигашка фаза во ЛШ, ќе се решава на реваншот Атина следната недела. Да се надеваме дека тоа ќе биде Левски поради Серафимов.

Фенербахче и Лион во Истанбул одиграа 1:1. Гостите поведоа со голот на Опенда во 40.минута а Гринвуд му донесе на Фенер 1:1 во 47.минута.

На “Максимир“ во Загреб, домашниот Динамо во 10.минута имаше 2:0 и тоа со головите на Бељо и Лисица, сепак гостите од Норвешка со головите на Кристијансен и Трипиќ, и двата во првиот дел, израмнија на 2:2 со што имаат одличен резултат пред реваншот на свој терен следната недела.

ПретходноВијера е нов селектор на Сенегал