Добро познато име се врати во Битола

159

Добро познато име повторно ќе го облече дресот на КК Пелистер. Американскиот Си-Џеј Вилсон, 32-годишен поентер, кој минатата сезона ги бранеше боите на битолскиот прволигаш, се врати во редовите на „пелистерци“. По шест месеци минати во Шведска, Вилсон пак ќе го облече зелено-белиот дрес. Во половина сезона во дресот на Содертајле, Вилсон бележеше 11.8 поени, 5.4 aсистенции и 4.9 скокови по натпревар.

Вилсон е добро познато име во Македонија, бидејќи, покрај за Пелистер, го носеше дресот о на Кожув.

Си-Џеј Вилсон пред Кожув и Пелистер настапуваше и во Полска, каде со 22,3 поени по натпревар беше најдобар стрелец во својот тим, а претходно беше дел и од шампионатите на Романија, Шведска, Албанија и БиХ.

ПретходноКирјос суспендиран поради позитивен тест за кокаин
СледноУЕФА ги прати новите правила за „повреден“ играч!