Ивица Димчевски се пресели во Штип

112

Искусниот македонски кошаркар, поранешен репрезентативец и трофеен спортист, Ивица Димчевски официјално го засили тимот на КК Соколи од Штип.

Екипата која што ќе биде дел од Суперлигата следнава сезона се засилува најдобро што може, а од денеска официјално Димчевски е во ростерот.

Се работи за искусен играч, кој што во своето портфолио има титули од Купот на Македонија и има стотици мечеви од домашниот шампионат во нозете.

ПретходноДевојките загубија од Романија на отварањето на Зонските квалификации
СледноНовеска одбра 14. имиња за Медитеранските игри