Трансфери во најава: Барса и официјално тргна по Лаутаро, Савињо и Мармуш во пакет од Сити во Тотенхем?!

341
ФОТО: Inter/FB

Нови информации вечерва од трансфер – пазарот во Европа. Она што се најавуваше во минатите денови, но без некоја посебна помпа ако се знае дека во преден план беше ангажманот на Хулијан Алварез, сега и дефинитивно е јасно. Барселона и официјално тргн по капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез. Сумата би требало да биде околу 85 милиони евра, иако Интер сеуште не се изјаснил.

Тотенхем не знае за доста кога станува збор за овој летен преоден рок. Раководството на клубот од Лондон не сака да им се повтори минатата сезона кога во последното коло изборија опстанок, па сега навистина купуваат и тоа како купуваат.

Последните информации од Лондон велат дека Тотенхем ги сака во пакет двајцата офанзивци на Сити, Савињо и Мармуш. Колку е ова реално останува да се види.

Наполи пак ги посакува Зиркзе (Манчестер Јунајтед), Жезус (Арсенал) и Џексон (Челзи). Колку од ова е остварливо, исто така ќе се покаже во следните денови.

ПретходноБаерн Минхен за Мусијала: “Останавме без зборови, не бевме подготвени за вакво нешто!“
СледноИ ПСЖ, како и Пелистер, има проблеми со теренот: Тревникот на “Паркот на Принцовите“ е опасен по здравјето!(ФОТО)