Вечерва во меч од 2.коло на турнирот „Крсте Андоновски – Охрид 2026“, кој беше и меч од регионалната лига, ГРК Охрид со 29:19 успеа да слави убедлива победа над Војводина.
За разлика од првиот меч против У-20 селекцијата на Египет, вечерва составот на Борис Ројевиќ беше некое сосема друго ниво. Интересно, Ројевиќ славеше против својот некогашен клуб, Војводина.
Охрид подобро го “отвори“ мечот кој на стартот беше крајно неефикасен, па затоа на одмор се замина само со 13:8 за домашниот состав.
Во второто полувреме охриѓани како да префрлија во поголема брзина, само ја билдаа разликата и дојдоа на 20:12, а потоа и на 28:16. Сепак на крајот победија “само“ со +10 разлика.
Се чини дека овој состав на ГРК Охрид може уште подобро.
Блескаше голманот Дино Славиќ со неверојатни 17 одбрани, со три од 6 одбранети пенали, па затоа и беше избран за МВП на оваа средба која се одигра во салата “Билјанини Извори“ во Охрид.
Да кажеме дека добра партија имаа и Мате и Иванковиќ со по пет погодоци.
За влез во финалето на турнирот, во кој ГРК Охрид го брани трофејот, составот на Ројевиќ ги чека меч со Загреб кој се игра в петок.










