Михаил Стојанов е новото име во КК Кожув!(ФОТО)

42
ФОТО:facebook.com/Kozuv

КК Кожув го претстави своето ново засилување – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Михаил е висок 185 сантиметри и во изминатите сезони беше дел од ТФТ Моцарт Скопје, каде што го стекна своето искуство во македонската кошарка, но и на меѓународна сцена.

Зад себе има настапи во АБА 2 лигата, каде што се соочил со силна регионална конкуренција и стекнал драгоцено искуство. Во сезоната 2025/26 имаше и одличен индивидуален настап против Златибор, кога за 23 минути постигна 13 поени, со 3/3 за два и 2/2 за три поени.

Млад, борбен и амбициозен, Михаил пристигнува во Гевгелија со желба за нови предизвици, напредок и успеси во новиот тим.

ПретходноОгненовски на местото на Стерјовски: Македонска смена на тренери во Австралија! (ФОТО)
СледноМакедонија со седум медали од првата меѓународна завршница на Плазма Спортските игри за млади