Доби суспензија од два меча за гол со рака кој судијата го призна (ВИДЕО)

56
фото: SPORTbible @sportbible (X)

Напаѓачот на англискиот второлигаш Вест Бромвич, Ауне Хегебо, доби контроверзна суспензија од два натпревари поради „успешна измама на судија“ за време на победата на неговиот тим од 2-1 над Норич Сити во саботата.

Во 75 минута Хегебо го отвори резултатот откако постигна гол од непосредна близина. Сепак, снимките покажаа дека норвешкиот напаѓач го реализираше центаршутот на Џими-Џеј Морган со рака, а судијата Тим Робинсон и покрај протестите на фудбалерите на Норич, сепак, го призна.

Неколку дена подоцна, Хегебо е обвинет за кршење на правилото Е3.1 на Фудбалската асоцијација, кое бара од учесниците да дејствуваат во најдобар интерес на играта во секое време. Ова е прво обвинение од ваков тип по промената во 2024 година.

ПретходноМурињо: Родри ќе беше „шлаг на тортата“ во мојот Реал Мадрид
СледноБраво за Гави: Ѕвездата на Барса донираше 1,3 милиони евра за домување на 300 лица!