Две трибини на Арената во Белград ќе бидат именувани по легенди на Партизан

63
ФОТО: KK Partizan/FB

Така прави голем клуб.Претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ, објави дека двете централни трибини во Белградската арена за време на натпреварите на “црно – белите“ трајно ќе ги носат имињата на Душко Вујошевиќ и Дражен Далипагиќ.
„Постојат луѓе чии имиња не се само дел од историјата на Партизан, тие ја создадоа таа историја. Затоа донесов одлука двете централни трибини на натпреварите на КК Партизан во Белградската арена трајно да ги носат имињата на двајца големи луѓе на нашиот клуб.“ истакна Мијаиловиќ и додаде…

“Трибина Душко Вујошевиќ – во чест на тренерот со најмногу трофеи во историјата на Партизан, човекот кој создаде генерации играчи, одлични резултати и остави неизбришлив белег врз идентитетот на нашиот клуб. Трибина Дражен Далипагиќ – во чест на еден од најголемите играчи кои некогаш носеле црно-бел дрес, најдобриот стрелец во историјата на Партизан и човек чие име припаѓа на самиот врв на европската и светската кошарка. Душко и Праја не се само имиња од нашето минато. Тие се дел од идентитетот на Партизан што сакаме да го зачуваме и да го пренесеме на идните генерации. За оваа одлука, побарав благослов од семејствата Вујошевиќ и Далипагиќ, кои со големо задоволство ја прифатија мојата иницијатива. Од оваа сезона, секој пат кога ќе влеземе во Арената, нивните имиња ќе нè потсетуваат кои сме, од каде доаѓаме и каква историја имаме обврска да зачуваме“, напиша бизнисменот на социјалните мрежи.

Тренерот од Подгорица помина 15 сезони на клупата на Партизан (1987-1989, 1990-1991, 2001-2010, 2012-2015) и освои дури 23 трофеи со белграѓани – 12 национални првенства, пет Купа, пет АБА лиги и едно меѓународно издание на Купот Радивој Кораќ.
Далипагиќ играше за црно-белиот тим во два наврати – од 1971 до 1980 година и во сезоната 1981/1982. Двапати беше шампион на Југославија и победник на Купот Радивој Кораќ, а еднаш го крена и пехарот на поранешната држава. Тој е најдобриот стрелец во историјата на клубот со 8.278 поени во 307 официјални натпревари, или 27,1 поен по натпревар.

ПретходноФФМ: Постапка против Тиквеш, високи казни за играчи на Охрид и Новаци и претставниците на двата клуба
СледноАтанасов: Ќе бидеме агресивни на двете страни од теренот!