Италијанскиот маратонец Алесио Окипинти е победник на 39-тото издание на Охридскиот пливачки маратон што се одржа денеска.
Тој ја преплива патеката од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри за 5:03,44 часа. Одличен настап имаше македонски млад маратонец, Петар Цеков, кој во конкуренција на 16 маратонци на крајот го освои третото место.
Второто место му припадна на Николо Ричарди, а 17-годишниот Петар Цеков успеа да се пробие меѓу тѕројката најдобри и да покаже дека е иднина на македонското маратонско пливање.
Во женска конкуренција победи Аргентинката Матје Ален Пука.










