Попладнево се одиграа пет натпревари од 2.коло во ВМФЛ. Втор меч како домаќин, иако сега во Кавадарци, и втор кикс на Пелистер,на тимот кој се посочуваше како главен фаворит сезонава за највисок пласман. По тие 1:1 со Камјани минатата сабота, сега и против Брера реми, ама без голови. Очигледно е дека на битолчани не им оди и во Втора лига.
Пелистер речиси цело второ полувреме играше со играч повеќе, но железната одбрана на гостите, на младата Брера, донесе нов кикс на битолчани.
Беласица славеше со 0:1 кај Новаци и тоа со гол во 90.минута, кој го постигна Томовски, иако цело второ полувреме играше со играч помалку.
Македонија ЃП славеше на гости кај Еуромилк со 0:1, но оваа победа требаше да биде изразена со поубедлив триумф. Стрелец на победничкиот гол беше Темелков во 62.минута.
Камјани славше со 2:1 против Осогово, интересно, сите три гола паднаа во првите 15 минути. Стрелци беа Реџепи и Рамалари за домашните и Ацевски за гостите.
Кожув со 2:0 на свој терен го победи Шкупи. Победата ја донесоа Симовски во 28.минута и Бејчев во 54.минута.
РЕЗУЛТАТИ – 2.КОЛО
Пелистер – Брера 0:0
Еуромилк – Македонија ЃП 0:1
(/Темелков 62.)
Камјани – Осогово 2:1
(Реџепи 2., Рамалари 15./Ацевски 11.)
Новаци – Беласица 0:1
(/Томовски 90.)
Кожув – Шкупи 2:0
(Симовски 28., Бејчев 54.)
24.09.2026
Тетекс – Работнички
Детонит – Охрид










