Куманово продолжи со составување на тимот за новата сезона. Новитет во редовите на финалистот во Купот на Македонија е американскиот плејмејкер, Камерон Гуден.
Станува збор за кошаркар кој роден на 3 декември 1998 година во Слајдел, Луизијана. Тој е бек висок 183 см, кој последно настапувал за Рајос де Хермисољо во мексиканската CIBACOPA лига.
Гуден играл во НЦАА-лига за Јута Универзитетот и за Дикси Стејт.
Претходно Куманово ги договори Бојан Крстевски, Бобан Стајиќ, Ренато Димитриевски и Алек Петковски.










