Македонското џудо со ново признание!

26

Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски, заедно со стручниот соработник во Федерацијата Горан Мицкоски, овој викенд на покана од претседателот на ЕЏУ, Ласло Тот ќе престојуваат во Бирмингем, Англија, каде што ќе присуствуваат на првото Европско првенство за униформирани сили, како и ќе остварат неколку работни состаноци со Претседателот на Европската Џудо Унија поврзани со организацијата на Европското првенство во 2027 година.

По успешната организација на големи европски џудо настани, Европската џудо унија (ЕЏУ) повторно ѝ укажа голема доверба на Џудо федерацијата на Македонија, доделувајќи ѝ ја организацијата на уште еден значаен европски шампионат.

Во 2027 година, Скопје и Македонија ќе бидат домаќини на Европското првенство за униформирани сили!

Во недела, во рамки на пригодна свечена церемонија во Бирмингем, претседателот Трпаноски, официјално ќе го преземе знамето на Европската џудо унија, кое ќе биде донесено во Македонија како следна земја-домаќин и организатор на шампионатот во 2027 година.

Ова претставува уште едно големо признание за досегашната работа на Федерацијата, за организациските капацитети што Македонија ги покажа на европската џудо сцена и за континуираната доверба што ЕЏУ ја дава на македонското џудо.

Европското џудо повторно доаѓа во Македонија – се гледаме во Скопје во 2027 година.

ПретходноВМФЛ: Дербито се игра во Кавадарци, Пелистер сака победа против Брера
СледноПМФЛ: Шкендија Арачиново со победа над Арсими на Чаир ќе биде на делба на второто место на табелата!