Меси се извлече само со казна за удирање на противнички играч

25

Ѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси, е казнет за своите постапки во ремито 2-2 во регуларната сезона против Филаделфија Јунион.

Во втората половина од натпреварот, избувна конфликт помеѓу Меси и играчот од средниот ред на противничкиот тим, Квин Саливан. Капитенот на Интер Мајами го удри противникот во тилот со отворена дланка, по што двајцата играчи се соочија лице в лице.

И покрај инцидентот, 37-годишниот Меси избегна суспензија и ќе може да учествува во следниот натпревар на својот тим против Торонто.

Оваа сезона во МЛС, Меси постигна 13 гола и имаше 8 асистенции во 17 одиграни натпревари.

ПретходноМладите ракометарки поразени од Грција на првиот меч во Таранто
СледноОФИЦИЈАЛНО: Елиф Елмас ќе игра во Аталанта!