Резервистот Еспи со гол во 90.минута го израдува Жозе за победнички старт на Реал

85
ФОТО:x.com/realmadriden

Ни Мбапе, ни Вини, туку резервистот Еспи е херојот на Реал Мадрид. Се играше 90. минута кога Еспи, кој влезе само десет минути претходно на местото на Белингам, успеа да се снајде пред голот на Еспањол и да “стрела“ за конечни 1:2 за “Кралевите“.Ова беше меч од 2.коло во Ла Лига, но и прв меч на Реал Мадрид во новата сезона.

Секако дека Жозе Мурињо во негов стил му се израдува на голот и победата, тој тргна со победа во својот втор мандат на клупата на најголемиот клуб во светот.

Белингам уште во 9.минути погоди за 0:1, но домашниот состав од Барселона успеа да израмни во 30.минута со голот на Калатрава.

И така беше се до 90.минута кога Еспи донесе победа за Реал Мадрид.

Тимот на Мурињо не блескаше, иако настапи со својот најсилен состав, сепак на крајот победата се брои.

ПретходноМладеновски го “тресеше“ Динамо на “Максимир“, ама на крајот гигантот со убедлив триумф