Илија Несторовски и во новата сезона во ХНЛ покажува дека е врвен голгетер и дека годините не му пречат. Попладнево во меч за својот Славен Белуо против Горица стрелаше за 2:0 во 21.минута. Ова беше негов втор гол сезонава во најсилната лига во Хрватска.
Да кажеме дека Македонецот имаше шанси и за втор гол.
Сепак во 65.минута мораше предвреме да го напушти теренот поради повреда, да се надеваме дека сепак не е ништо сериозно за нашиот интернационалец и некогашен репрезентативен напаѓач.










