Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Холандија која како 12-тата трка во сезоната во Формула 1 ќе се вози утре.
Британецот ја освои втората пол-позиција по ред на „Зандворт“, со круг од 1:11.163 минути, со десетинка предност во однос на Џорџ Расел во Мерцедес.
На овој начин, актуелниот шампион му се одмазди на својот сонародник за тоа што му ја украде пол-позицијата за спринт трката во последен момент претходниот ден. Победата во спринтот ја извојува токму возачот на Мерцедес.
Најблиску до двајцата Британци беше лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, кој заостануваше само 31 илјадити дел од својот соиграч.










