Пожар, тепачка и повеќе од 100 повредени фанови на дербито на југозападот во Германија!(ВИДЕО)

93

Натпреварот помеѓу Валдхоф Манхајм и Кајзерслаутерн во 1/32-финалето од Купот на Германија на крајот беше одигран и заврши со победа од 1-0 за гостите по продолженијата. Мечот беше прекинат на крајот од регуларното време кога домашните навивачи влегоа на теренот, а полицијата мораше да влезе за да спречи тепачка меѓу навивачите на двата тима. Сузбивањето на немирите и враќањето на навивачите на Манхајм во нивниот сектор резултираше со повреди на 110 лица, од кои 35 беа полицајци, а 85 – навивачи. По завршувањето на натпреварот, навивачите на Кајзерслаутерн решија да предизвикаат немири во гостинскиот дел и запалија огромен пожар, користејќи бројни седишта како потпалување. Така, југозападното дерби помеѓу Манхајм и Кајзерслаутерн заврши со инвазија, многу повредени и пожар на стадионот „Карл-Бенц“

ПретходноСевиља со “два од два“ на стартот во Ла Лига!
СледноНесторовски стрелец за Славен Белупо, па се повреди