Македонија ќе „тестира“ со Берое пред ЕвроВолеј

29
фото: CEV.eu

Во финалната фаза од подготовките за четвртото учество на машкиот национален тим на ЕвроВолеј 2026, Македонија ќе одигра три контролни натпревари.

Бугарскиот суперлигаш Берое 2016 од Стара Загора ќе биде спаринг партнер на сениорите од 1 до 4 септември, а дуелите ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Во договор меѓу тренерите ќе биде дефинирано дали средбите ќе бидат од отворен или затворен карактер.

Берое 2016 играше во плеј-офот од бугарската Суперлига ланската сезона, а имаше и историски настап во европскиот Челинџ куп. Натпреварите со екипата од Стара Загора за македонските репрезентативци ќе биде одлична можност за последна проверка на формата во пресрет на настапот на ЕвроВолеј 2026 во Софија, Бугарија.

ПретходноПоложани со порака: Мора да бидеме призејмени, првенството е маратон!
СледноБаскет Кам и Пробаскет се спасија – ќе играат во највисок ранг