Сабах е фудбалско чудо: Со тим вреден 17 милиони евра и само 9 години постоење ќе игра во ЛШ

203

Азербејџанскиот шампион Сабах чудесно се пласираше во главната фаза на Лигата на шампионите благодарение на гол во 90+4 минута и брилијантна игра во судиското продолжение. Тие ја неутрализираа убедливата победа на израелскиот тим Хапоел Бер Шева на првиот меч, се вратија со победа дома и по продолженија заверија место меѓу најдобрите.

Сабах започна уште во првото коло од квалификациите. Таму го победија велшки Њу Сејнтс, а по нив и фински КуПС (кој го елиминираше нашиот Вардар), дански Архус, а сега и Израелците. Со тоа Сабах стана само вториот азербејџански тим кој играл во главнат афаза во Лигата на шампионите по Карабах.

Интересно е што Сабах е основан дури во септември 2017 година. Основач на клубот е Јакуб Хусејнов, раководител на групацијата компании „Азербејџан Бриџ“, која се занимава со градежништво, хотелски и ресторански бизнис, логистика, па дури и земјоделство.

Сабах стигна до првата лига од петтиот ранг на натпреварување во Азербејџан. Капаз беше последниот тим што испадна од првата лига, а локалните фудбалски власти, со посебна одлука, го промовираа Сабах.

Целиот тим на Сабах чини 17 милиони евра. Според трансфер пазарот, никој од неговите актуелни фудбалери не вреди повеќе од 2,5 милиони евра. Највреден играч е 27-годишниот Полјак Тимотеуш Пухач, кој неодамна дојде на позајмица од Холштајн Кил од германската Втора Бундеслига.

Во сезоната 2025/26, Сабах ја освои првата титула во историјата. Тие дури го победија Карабах со неверојатни девет бода разлика под водство на литванскиот тренер Валдас Дамбраускас   Тој има 49 години и освои шест трофеи со Жалгирис во Литванија пред да го преземе Сабах. Клубот е дел од урбаната населба Масазир, оддалечена приближно 16 километри од Баку. Локалното население брои само околу 10.000 жители, но нивниот стадион може да прими повеќе луѓе отколку што живеат таму. Домашниот стадион на Сабах, „Банк Република Арена“, има капацитет од 13.000 гледачи.

ПретходноЈашар: Оваа Брегалница има хемија, допрва ќе го покаже својот квалитет
СледноАталанта без Елмас за утрешниот реванш со Хапоел ТА