„Бомбата“ е подготвена: Баркола утре пристигнува во Ливерпул

43
фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X)

Англискиот гигант Ливерпул е на чекор до реализација на еден од најголемите трансфери ова лето. Францускиот репрезентативец и крилен напаѓач на Пари Сен Жермен, Бредли Баркола, утре (сабота) пристигнува во Англија на лекарски прегледи, по што официјално ќе го стави својот потпис на договорот со клубот од „Енфилд“.

Според пишувањата на угледниот француски весник Л’Екип, ПСЖ за 23-годишниот фудбалер ќе добие вкупно 140 милиони евра заедно со предвидените бонуси (фиксни 100 милиони фунти плус 20 милиони во бонуси).

Баркола минатата сезона беше еден од најзабележителните играчи на светците, постигнувајќи 11 голови на 29 натпревари во француската Лига 1. Неговото пристигнување се очекува значително да ја засили офанзивната линија на Ливерпул пред продолжението на сезоната во Премиер лигата.

ПретходноМладинскиот репрезентативен стопер Димески го облече дресот на Тиквеш
СледноСрбија сигурна против Исланд, Турција ја „демолираше“ Литванија