МИ 2026: И Италија подобра од нашите ракометарки

40

И четврти убедлив пораз за женската ракометна репрезентација на Македонија на Медитеранските Игри во Таранто. Вечерва во натпревар од четвртото коло, ашите ракометарки беа совладани од селекцијата на Италија со 39:16, во кој нашите избранички беа тотално инфериорни.

Италијанките на полувреме имаа предност од 19:7, а не попуштија во темпото ниту во вториот дел.

Со пет постигнати гола во нашата селекција најефикасна беше Дона Тодоровска.

Во последниот натпревар од групата, Македонија ќе се сретне со селекцијата на Косово.

ПретходноЃуроски: Имаме доволно време да се подготвиме и да стигнеме до посакуваната победа
СледноМладинскиот репрезентативен стопер Димески го облече дресот на Тиквеш